Услови и Правила за користење

1. Услови и Правила за користење на protouch.mk

protouch.mk е во сопственост на ПРОТАЧ ДООЕЛ СКОПЈЕ. (Во понатамошниот текст Протач Дооел), сервис создаден за пребарување и купување на производи и услуги.

Со овие услови на користење се дефинираат правата и обврските за користење на интернет страната protouch.mk и нејзините услуги и функционалности.

Протач Дооел Ве замолува внимателно да ги прочитате пред користење на страната protouch.mk.

Протач Дооел не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење на оваа страна.

protouch.mk е интернет страна која можат да ја користат сите физички и правни лица согласно овие услови и правила за користење.

1.1 Општи Услови
1.1.1 Со посетата или купување преку нашата страна потребно е да се согласите со условите наведени подолу а Протач Дооел го задржува правото на нивна промена, во зависност од потребите и уловите, без претходно известување на корисниците на оваа страна. Затоа Протач Дооел советува повремено повторно читање на Условите и Правилата за користење и Политиката за Приватност за да бидете информирани за ваквите промени.
1.1.2 Називот ПРОТАЧ е заштитен трговски знак на Протач Дооел Скопје и забранета е секаква негова употреба без претходна писмена согласност на сопственикот.
1.1.3 Вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, текстуалната содржина на оваа страна, како и фотографиите и видео материјалите во делот “галерија” се авторски и забрането е секакво нивно превземање, дистрибуција, пренос и користење за комерцијални цели. Можна е само употреба на истите за лична и некомерцијална употреба, надвор од дозволеноста за злоупотреба на опциите, податоците и информациите кои се присутни на protouch.mk.
1.1.4 Корисникот не смее на оваа страна да објавува, поставува или на било кој начин стави на располагање било какви материјали кои се предмет на заштитен знак, авторски права или други права на интелектуална сопственост без претходна согласност на носителот на тие права.
1.1.5 Информациите кои се споделени на оваа страна се од информативен карактер и во зависност од нивниот извор можни се пропусти и отстапувања во нашето информирање.
1.1.6 Протач Дооел нема да биде одговорен за било каква штета или загуба кои би можеле да произлезат од тоа што корисникот се базира и потпира на информациите кои ги содржи оваа страна и одговорноста паѓа на корисникот да ја оцени точноста и корисноста на било каква информација која ја содржи оваа страна и согласно тоа да постапува.
1.1.7 Протач Дооел нема да биде одговорен за било каква изјава објавена на оваа страна, која не е објавена од одговорно лице од Протач Дооел.
1.1.8 Корисникот е одговорен за одржување на сопствената опрема, софтверот и хардверот кои ги поседува и користи, какво и било каква друга опрема за користење на интернет.
1.1.9 Протач Дооел не е одговорен за било каква штета на опремата на корисникот кои можат да произлезат од користењето на интернет.
1.1.10 Правото на користење на protouch.mk е лично на корисникот и не е преносливо на било кое друго лице.
1.1.11 Поради можни пречки во службата или било какви настани кои се надвор од контрола на Протач Дооел, Протач Дооел не превзема никаква одговорност за губење на податоци настанато при пренос на информациите преку интернет.
1.1.12 Користењето и купувањето на protouch.mk е достапно за сите физички и правни лица на возраст од најмалку 18 години. Доколку немате 18 години а имате 14 години можете да ја користите оваа страна под надзор на вашиот родител или старател кој се согласува со овие услови и правила на користење. Доколку немате 14 години или не се согласувате со условите и правилата на оваа страна ве советуваме да ја напуштите интернет страната protouch.mk
1.1.13 Целта на Протач Дооел е оваа страна да биде достапна 100% од времето, но од било какви причини кои се надвор од контрола на Протач Дооел оваа страна може да биде повремено недостапна а корисникот е согласен со тоа.
1.1.14 Секој корисник сноси целосна одговорност за своите активности при користење на оваа страна.
1.1.15 Секој корисник е согласен да ја обештети компанијата Протач Дооел за сите побарувања за оштета, трошоци како и трошоци за правно застапување кои можат да произлезат од противзаконско користење, непочитување и прекршување на условите за користење на оваа интернет страна од страна на корисникот.
1.1.16 Доколку корисникот се регистрира на форма за регистрација на оваа страна согласен е на неговата е-маил адреса да добива понуди, промоции, попусти и известувања за услугите и производите кои се достапни на оваа страна.
1.1.17 Протач Дооел го задржува правото да укинува, додава, менува, стопира, модифицира, надградува услови за услугите и производите кои ги содржи оваа страна, без претходно известување на корисниците.
1.1.18 Протач Дооел не е одговорен за настанување било каква штета поради објавените информации за услугата, производот или корисниците на protouch.mk.
1.1.19 Протач Дооел не одговара за евентуални мали измени во однос на фотографиите од производите кои се прикажани на оваа интернет страна. Овие фотографии се од информативен карактер.
1.1.20 Забрането е испраќање или пренесување на оваа страна било што кое:
1.1.20.1 е незаконско, нелегално
1.1.20.2 е навредливо, непристојно, неморално
1.1.20.3 не е во согласност со домашното законодавството и важечките странски закони
1.1.20.4 претставува доверлива информација, професионална или комерцијална тајна чие откривање е забрането врз основа на закон, договор или акт на надлежен орган.
1.1.20.5 содржи информации за лозинки и шифри на други корисници, како и било каков софтвер до такви лозинки и шифри.
1.1.20.6 е надвор од интернет етиката
1.1.20.7 содржи лични податоци за трети лица кои не се согласни
1.1.20.8 повикува или содржи насилство кон луѓе или животни
1.1.20.9 содржи закани по животот на луѓе или животни
1.1.20.10 содржи експлицитна или порнорафска содржина
1.1.20.11 содржи инциденти, несреќи или кривични дела
1.1.20.12 повикува на дискриминација врз национална основа, раса, пол, сексуална ориентација, етничка припадност, вера, религија, потекло, убедување, брачна состојба, возраст, политичка припадност или било кои други обележја.
1.1.20.13 повикува на злосторство, омраза или насилна промена на уставниот поредок.
1.1.21 Протач Дооел е регистрирана фирма со седиште во Република С. Македонија и не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои корисникот би можел да пристапи до оваа интернет страна, согласно тоа доколку корисникот ја посетува оваа интернет страна или ги користи нашите услуги надвор од територијата на Р.Македонија корисникот е свесен и самиот одговорен за евентуалната повреда и прекршување на важечките закони во државата од која корисникот стапува кон оваа интернет страна или ги користи нејзините услуги.
1.1.22 Протач Дооел нема обврска да ја прегледува или контролира содржината или изјавите на корисниците која се одвива на оваа страна а Протач Дооел го задржува правото од оваа интернет страна да отстрани содржина која смета дека е заканувачка, недолична, недостоинствена, навредлива, неприфатлива и сл.
1.1.23 Протач Дооел не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на оваа страна.