Машинско длабинско перење на тапациран мебел

Машинско длабинско перење на тапациран мебел

Дури 80% од правта која влегува во вашиот дом завршува во тапацираниот мебел, теписите и завесите а воздухот во просторијата во најголема мера зависи од нивната чистота

Традиционалното чистење со влажна крпа и средство е потполно недоволно за да ги отстраните грините, разните штетници, бактерии, алергени од домашни миленици, дамки, истурени течности, измрсеност, непријатни мириси.

Но, не откажувајте се од вашата гарнитура за седење или столици само затоа што се наталожени со нечистотии кои мислите дека е невозможно да се отстранат. Пред воопшто и да помислите да ги промените со нови дозволете ни да ви покажеме дека без насобраната и наталожена нечистотија на нив тие ќе изгледаат цела вечност понови и ќе го добијат природниот изглед, боја и свежина.

Кој метод на чистење го користиме?

Користиме наменски софистицирани, биоразградливи средства и го применуваме најприфатениот, најбараниот и најефикасниот метод за чистење на мебел штоф ткаенини ширум светот, методот на влажно перење со екстракција. Тоа е вистинскиот избор за секој кој ужива во чистота и заштедени финсансии.

Работиме исклучиво со професионални екстракциони машини кои ви гарантираат беспрекорна чистота, сјај, свежина, прекрасен мирис, како и крај на нечистотијата, непријатните мириси и ефикасна борба против алергените и бактериите во Вашиот тапациран мебел.

Откако најпрво рачно вршиме третман на отстранување на флеки (предперење), следи  машинско чистење со екстракција а потоа испирање на материјалот.

На крајот на целокупниот процес на чистење со сите негови фази, се нанесува антибактериски освежувач со префинет и ексклузивен мирис кој создава уникатна и интригантна атмосфера.

По нашиот третман Вашата гарнитура за седење или столици ќе блеснат како да се нови.

ПРИДОБИВКИ:

  • Подолг век на траење на материјалот
  • Беспрекорна чистота на мебелот
  • Визуелно совршено
  • Ефикасна борба против алергени и бактерии
  • Препорачливо за лица осетливи на алергени
  • Почист и посвеж воздух во просторијата

Дополнителна услуга – Водоотпорна заштита на тапациран мебел

Освен стандардната услуга, ви нудиме и водоотпорна заштита на вашиот тапациран мебел со наменски производ за хидроизолација и регенерација чија формулација, благодарение на Nano-Tech Protection technologies, ги штити површините од разни течности, дожд, масла, секојдневна нечистотија, УВ зраци, и овозможува заштита од сите несакани дејства кои можат да им наштетат на мебел штоф ткаенините во вашиот дом. Со овој третман формираме бариера помеѓу ткаенината и нечистотијата, така што случајно и несреќно истурената течност ќе остане на површината без да се впие во материјалот и да предизвика флека.
Третманот е максимално безбеден, не предизвикува дамки, не ја менува бојата на материјалот и ви обезбедува 6 месечна заштита.

Моб: +389 77 400 308
Пон – Саб: 09:00 – 20:00
Закажи термин