Машинско длабинско перење на душеци
Имајќи го предвид фактот дека човекот во просек минува 1/3 од животот во спиење, сама по себе се наметнува потребата од одржување високо ниво на чистота на душекот. Нечистотијата на душекот меѓу другото се состои од мртви клетки од нашата кожа, грини и нивниот измет, како и разни други бактерии.
Дури 60% од грините во нашиот дом се наоѓаат во душекот.
Според истражувањата, еден душек може да има од 10 000 до 10 милиони грини, кои се хранат со мртвите клетки од кожата на човекот и исфрлаат измет кој заедно со уште дваесетина други алергени кои ги носат со себе, може да предизвикаат низа здравствени неповолности кај вас и вашето семејство, алергии, респираторни проблеми и проблеми со кожата, најмногу кај оние кои се алергични и осетливи.
Како последица на нечистиот душек, квалитетот на воздухот во просторијата во која се наоѓа е лош и на ниско ниво а тоа е дополнителна причина за чистење на душекот.
Ви нудиме решение и придобивки
Нашиот метод на машинско чистење (перење) со екстракција, со примена на безбедни средства и професионални машини за чистење ви обезбедува:
- Чистота и свежина
- Ефикасна борба против алергени од грини, бактерии и нивно редуцирање
- Крај на непријатните мириси на душекот
- Поквалитетен воздух во просторијата
- Поквалитетен сон
Со сознанието дека спиете на чист душек, вие и вашето семејство ќе уживате во убавите ноќи на заслужен одмор и мирен сон, без нечистотија околу вас.
Колку време трае чистењето на душекот и дали се чисти од двете страни?
Душекот се чисти обострано а времето на чистење е во зависност од состојбата, т.е извалканоста и во просек е 1 час.
Дали гарантирате дека сите флеки од душекот ќе бидат отстранети?
Постојат флеки кои трајно го оштетиле материјалот, постанале составен дел од него и е невозможно да бидат отстранети. Тоа само по себе не подразбира дека флеките на вашиот душек нема да бидат отстранети, туку единствено дека ние не сме во можност да ви го гарантираме тоа и е во зависност од видот на душекот, видот и староста на флеките, дали претходно се веќе третирани и сл.