Машинско чистење на дрвени подови
Машинско темелно чистење на дрвени и ламинатни подови, како во затворени простории така и на отворени тераси и сл.
Откако најпрво се усисува целата површина, се преминува на процес на машиснко чистење. Користиме машина со ротациски цилиндрични четки кои допираат онаму каде што регуларното “џогирање” не може, длабоко во порите и фугите. При процесот на чистење употребуваме наменско неутрално средство кое го храни дрвото со кедрово масло и е збогатено со полимери.
Дополнително и во зависност од потребите, по чистењето се нанесува заштитна емулзија со висок сјај, со лабораториски тестиран против лизгачки ефект и отпорна и на висока фреквенција на движење.
Покрај беспрекорната чистота која ја добивате, исто така ваквото повремено темелно чистење ќе ги олесни вашите регуларни чистења на подот.