Чистење и нега на кожа
Кожата е единствениот природен материјал кој се користи за тапацирање на мебел. Правилното одржување е најважниот фактор за нејзиниот сјај, убавина и пред се, векот на траење. Не дозволувајте кожниот мебел како една од вашите најскапи инвестиции во домот, за кратко време да го загуби првобитниот изглед и сето тоа поради неодржувањето или неправилното одржување и чистење.
Ние имаме решение за Вас.
Ви нудиме третман на чистење на природна кожа со професионален детергент со базирана пена од реномиран италијански производител, наменет исклучиво за чистење на кожа, а базиран на растителен состав од природни состојки кој лесно се раствора и целосно ја елиминира дури и најтврдокорната нечистотија. Формулата дејствува длабински и остава долготрајна чистота. Детергентот е неутрален и придонесува совршена чистота на кожата која се третира без никаква опасност од сушење или губење на еластичноста.
Процесот на чистење се извршува рачно, давајќи особено значење и на најситните детали.
По завршувањето на овој процес се нанесува професионално средство за заштита и нега, против стареење на кожата кое содржи висока концентрација на состојки за хранење и одржување на влажноста на кожата. Тоа е од суштинско значење за одржување на природноста и рамнотежата на кожата, а воедно и помага да се задржи природниот сјај и еластичност, претставува ефикасна заштита од УВ зраци и спречува стареење на кожата.
Грижете се за кожниот мебел во кој некогаш сте вложиле. Неговото правилно и редовно чистење и одржување ќе ви овозможи долгогодишно уживање во неговата неприкосновена убавина, квалитет и отменост.
ПРИДОБИВКИ:
- Совршена чистота, сјај и убавина
- Природен изглед
- Подолг век на траење
- Заштита од стареење и УВ зраци