Хемиско чистење на возила
При едно истражување од страна на компанија лидер во антимикробиолошката технологија биле исчистени воланот, вентилацијата и предните седишта од нивните автомобили. Откако насобраните брисеви биле обработени во лабораторија, резултатите покажале дека седиштата во автомобилот се најзаразени површини, полни со бактерии кои успешно можат да опстојат во автомобилот.
Друго истражување покажало дека ентериерот на автомобилот, во зависност од нашите активности во него и времето поминато зад воланот, може да биде вистинско жариште на бактерии.
Истражувањата покажале дека во тестираните автомобили постои Ешерихија коли, Стрептококус, и други бактерии кои можат да предизвикаат неповолности по здравјето.
Истурените течности, храна, трошки и сл. само дополнително ги потхрануваат бактериите и им создаваат совршени услови за нивно опстојување.
Но не грижете се, ние имаме решение за вас.
Процесот на чистење се извршува со професионални екстракциони машини и безбедни софистицирани наменски средства, кои ви обезбедуваат потполно чиста и дезинфицирана внатрешност, а нашето искуство и целосна посветеност само ќе го надополнат вашето позитивно искуство со нас.
Седиштата, теписонот и останатите тапацири ќе бидат беспрекорно чисти и со обновен изглед, сјај и свежина.
Во зависност од вашите потреби, со задоволство можеме да ви понудиме еден од нашите пакети за хемиско чистење: